Ковачевски: Одлуката на ДС не ја нарушува стабилноста на владиното мнозинство
Одлуката што ја донесе Демократски сојуз не петставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваат на настан за традиционално закројување на лозје во село Ресава во Кавадарци.
Премиерот рече оти очекува нивните функционери да ги поднесат своите оставки, посочувајќи на заменик министерот за локална самоуправа.
-Ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскит пат и на поддршка на такви одлуки што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно. Видовме вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот Фронтекс, но сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Очекувам нивните функционери да ги поднест своите оставки, тука пред се мислам на заменик министерот за локална самоуправа, рече Ковачевски.
Како коалициска Влада, додаде тој, остануваат отворени за сите политички партии, поединци и организации кои се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ.
-Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев, рече Ковачевски, истакнувајќи дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.
Ново на Сител
-
НБ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање
-
Првиот снег на повисоките места во Дебарско, по патиштата се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и одрони
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Сиљановска-Давкова: Потребна ни е политика како уметност на можното
-
Петта ноќ протести во Мароко, судири меѓу млади и полиција, две лица убиени
-
Флотилата за помош за Газа вели дека израелската војска нелегално се качила на нејзиниот брод
-
Дојави за поставени бомби и во училишта во Пријепоље и во Врање
-
Најмалку 30 мртви по уривањето на скелето во црквата во Етиопија