-->
-->
Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево – Охрид
-->
– Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.
Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani