-->
-->
Ковачевски – Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ
-->
Оваа годишнина, како и одбележувањето 15 години од приемот на Република Бугарија како полноправна членка во ЕУ, како симболични датуми ќе бидат преточени во еден нов датум, кој ќе биде препознаен по решавањето на отворените прашања меѓу двете соседни и пријателски земји со што ќе се создадат услови за заедничка иднина во европското семејство, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба во Софија со претседателот на бугарското Собрание, Никола Минчев.Како што соопшти владината прес-служба, на средбата премиерот Ковачевски го поздравил одбележувањето на 30-годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави.
На средбата била истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати, покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.
На средбата била истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати, покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.
Во состав на владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски беа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Муцунски: И покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во Извештајот на ЕУ
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

Запленети 2541 килограми небезбедна храна со непознато потекло
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
