Ковачевски: Економијата може да одговори на зголемување на минималната плата на 20.000 денари
Во првиот квартал од идната година ќе имаме зголемување на минималната плата, согласно методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на оваа Влада, која предвидува дека минималната плата се усогласува 50 проценти со зголемувањето на трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000 денари.
– Јас бев директно вклучен во преговорите за минималната плата кај компаниите, особено кај членките на големите стопански комори, како и во ТИРЗ-овите, и при минатото зголемување на минималната плата не постоеше поголем проблем, бидејќи најголем дел од платите во приватниот сектор се на повисоко ниво, особено за стручните позиции. И самите гледаме дека преку зголемувањето на просечната плата во државата, сега многу повеќе се цени трудот на работниците, од случајот што беше порано во време на минатата власт, кога минималната плата беше на ниво од 8.000 денари, а просечната плата беше далеку помала од оваа што ја имаме денеска, нагласи Ковачевски.
Прашан која е пречката што не може да се издаваат општинските обврзници, Ковачевски одговори дека не постои некоја субјективна причина за нивно неиздавање, но кога станува збор за задолжувања, секогаш се прават соодветни анализи од страна на службите во министерствата.
– Тука се работи за Министерството за финансии, Секторот за јавен долг, итн. Штом ќе бидат направени сите анализи, согласно Стратегијата за јавен долг на државата и согласно со претпоставките од таа Стратегија за јавен долг, која што се одобрува од Парламентот на крајот на денот и која што оди заедно со Буџетот, доколку е во рамките на претпоставките, тогаш процедурата ќе продолжи, така што не постои некоја субјективна причина, потенцира премиерот.
Ковачевски заедно со министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски и Љупчо Николовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, присуствуваа на пуштањето во употреба на делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи