Ковач: Хрватска може пак да ги блокира преговорите на Србија со ЕУ
Хрватска би можела повторно да ги блокира преговорите на Србија за членство во ЕУ, доколку Белград почне да го применува својот закон со кој си даде универзална надлежност за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија и започне процеси против хрватски воени ветерани, најави хрватскиот министер за надворешни работи Миро Ковач.
Како што јави Хина, ваквата најава Ковач ја даде по средбата, која заедно со министерот за воени ветерани Томо Медвед, ја имаше со претставници на здруженијата на хрватските бранители.
- На патот кон ЕУ, Србија не ќе може да го применува тој закон и ќе мора да соработува во пронаоѓањето на исчезнатите лица или на нивните посмртни останки, рече Ковач.
Тој нагласи дека сите жртви на војните имаат право на отштета, а Србија дополнително ќе мора да ги почитува и применува и одлуките на Хашкиот суд.
На новинарско прашање како Хравтска би можела да ја спречи Србија да покренува обвиненија за воени злостороства против хрватски воени ветерани, Ковач одговори дека за тоа постои „билатерален начин, но и европска рамка“. - Владеењето на правото е темелно начело на функционирање во ЕУ. Србија се обврза дека нема да го применува тој свој закон на Хрватска и таа обврска стана дел од преговарачката рамка, рече Ковач.
- Ако Србија сака да напредува кон ЕУ, ќе мора да ги применува и почитува овие критериуми, нагласи Ковач, додавајќи дека на секој шест месеци „ќе се врши надзор на почитување на тие обврски од страна на Србија“.
Ваквата најава од Загреб доаѓа само една недела откако Хрватска се согласи да го повлече ветото на отворањето на преговорите по поглавјата 23 и 24 од договорот за членство на Србија во ЕУ.
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава