Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во посета на Македонија
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на Храдинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.
- Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусосодски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји, се наведува во соопштението.
Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе прстојува високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница