Косовскиот полициски функционер од затвор
Српските власти денеска од притвор го ослободија високо позиционираниот косовски полициски функционер Нехат Тачи, кој пред повеќе од еден месец беше притворен во Србија под сомнение за тероризам, информираа српските медиуми.
Српската државна телевизија РТС информира дека Нехат Тачи денеска е ослободен откако обвинителите ја прекинале истрагата против него.
Тачи беше приведен откако на крајот од септември од Косово влегол во Србија.
Косово протестираше против неговото апсење.
Косово, во кое живее доминантно албанско население, во 2008 година прогласи независност, после војната од 1998-99 година. Белград одбива да ја признае независноста на Косово, но учествува во разговорите за нормализација на односите, поддржани од ЕУ, за да покаже прогрес во своите напори за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи