Косовски избори: До 11 часот гласале речиси десет отсто од гласачите
Централаната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека, според информациите од 94 отсто од гласачките места, на вонредните парламентарни избори своето право на глас до 11 часот го искористиле 174.669 лица, односно 9,64 отсто од регистираните гласачи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на прес-конференција изјави дека во истото време на претходните избори, во 2017, биле регистрирани над 24 илјади гласови помалку, односно гласале 150.244 лица, или 8,45 отсто од гласачите.
Според Дака, изборниот процес до сега тече без поголеми проблеми.
– Освен неколку изолирани инциденти, според податоците кои доаѓаат од оперативниот центар, процесот на гласање се одвива во ред, изјави Дака.
На седмите парламентарни збори, кои се одржуваат денеска во Косово, право на глас имаат над 1,9 милиони граѓани.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев