Косовски и македонски државјанин побегнаа од затвор во Косово, приведени двајца полициски офицери
Двајца затвореници, 28-годишниот К.Г. од Урошевац и 31-годишниот Ш.Н., дражавјанин на Република Македонија, двајцата осудени за кривично дело „тешка кражба“, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор, јави дописникот на МИА од Приштина.
Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени под обвинение дека не обезбедиле соодветна придружба на затворениците, со што им овозможиле да побегнат од затворот.
- Затворениците работеле во еден од павилјоните на затворот и во еден момент ги искористиле околностите и побегнале, се вели во соопштението на полицијата.
Косовскиот и македонскиот државјанин и натаму се во бегство, а надлежните органи продолжуваат да работат на нивно пронаоѓање и целосно расветлување на случајот.
Ново на Сител
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
-
Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво
-
Обвинетите за пожарот на Вардариште признаа вина
-
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
-
30 години од атентатот врз Глигоров
-
Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја | ФОТО
-
Разрешен судијата Беџети