Косовски државјани ограбени за време на Суперкупот
Вчера во 14 часот, 27-годишниот Е.Х. од Република Косово пријавил дека на 08.08.2017 година во 20часот и 10 минути, додека бил на Арената „Филип Втори Македонски“, непознат сторител извршил кражба врз него. Сторителот искористил згодна прилика и му одзел паричник во кој имало седум кредитни картички, возачка дозвола, сим картичка со англиски број и 1.625 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Вчера по полноќ во Полициската станица Центар, 39-годишниот Љ.М. од Република Косово пријавил дека на 08.08.2017 година околу 19:00 часот, додека чекал да влезе во Националната арена „Филип Втори“, непознат сторител извршил кражба врз него. Сторителот искористил прилика и му одзел паричник во кој имал кредитна картица, дозвола за оружје, лична карта и возачка дозвола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска