Косовската влада очекува следната недела враќање на Листа српска во институциите

Без враќање на Србите во институциите Владата на Косово не може да направи ни чекор за Заедницата на општини со мнозинско српско население.
Оваа оценка ја дава заменик министерот за локална самоправа Бајрам Гецај додавајќи дека премиерот Иса Мустафа очекува веќе наредната недела Србите да се вратат во институциите.
- Не можеме да имаме конструктивни разговори во врска со формирањето на Заедницата доколку Листа српска ги има замрзнато функциите на своите претстаници.Тие прво треба да се вратат во институциите и да седнеме бидејќи е предвидено статутот на Заедницата треба да го изработи работна група од четворица Срби во соработка со Министерството за локална самоуправа,ОБСЕ и ЕУ.Значи ние треба да формираме работна група,која ќе почне со работа и кога документот ќе биде готов, според сите изгледи, за него ќе се дискутира во Брисел, изјави Гецај за косовската телевизија.
Што се однесува до заканите на Србите дека доколку до 15 февруари не се формира Заедницата тоа ќе го сторат еднострано самите Срби,тој нагласува дека тоа е неприфатливо за Владата на Косово и тогаш таа ќе биде паралелна инститција.
- И додека премиерот Мустафа очекува веќе наредната недела Србите да се вратат во институциите,засега нема официјална потврда за тоа од самите нив. Во меѓувреме претседателот на Северна Митровица,Горан Ракиќ очекува да биде формирана според договорот во Брисел, констатира телевизијата.
Ново на Сител
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
