Косовец обвинет за обид за убиство на сопругата во хотел во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Новален, Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што информира МВР, во неделата на 22 октомври околу 4:50 часот во хотел лоциран на улицата „Титовелешка“, во Скопје, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х.(39) од Рига, Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телото, како и убодна рана во пределот на левата страна на вратот.
- При обидот за убиство во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „НИКОБ“ кој бил повикан од вработените во хотелот. Откако пробал да го оттргне пријавениот од Н.Х., Ф.З. бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка, соопшти МВР.
На пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
