-->
-->
Кошаркарите на Вардар подобри во Феникс во кадетското финале
-->

Младите кошаркари на Вардар ја освоија шампионската титула во кадетска конкуренција откако во финалето ја совладаа екипата на Феникс 2010 од Скопје.
Вардарци во финалниот меч на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 16 години (родени 2001-ва и помлади) кој се одржа во малата сала на СРЦ „Кале“, во многу интересен и докрај неизвесен натпревар забележаа победа со 75-71, против ривалот Феникс.
Адриан Наумоски кој средбата ја заврши како најефикасен со 22 постигнати поени, притоа без промашување во ударите за „тројка“ (6 од 6), сосема заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на турнирот (МВП). Во поразената екипа се истакна Никола Кацарски со дабл-дабл учиник од 14 поени и дури 19 скокови.
Во дуелот за бронзениот медал во кој играа две екипи на Партизан Водно Санс подобра беше повозрасната (играчи родени 2001) која славеше победа со 84-54.
„Неделата на мак-баскетот“ ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој ќе се игра денеска и утре во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
