АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста.
- По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Во моментот се применува стратегијата stamping out-велат од АХВ и МЗШВ.
Надлежните институциите посочуваат и дека секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни. Истото се однесува и за ветеринарните друштва кои ќе вршат незаконска вакцинација и нема да спроведуваат активности од јавен карактер.
-Замолуваме сточарите да ги пријавуваат сите случаи на сомнеж на болеста во Агенцијата за храна и ветеринарство и да соработуваат со официјалните ветеринари и ветеринарните друштва при спроведување на депопулација на животните - стои во соопштението.
Агенцијата за храна и ветеринарство, воедно, ги демантира и наводите изнесени во вчерашното видео обраќање на Насер Џемаили, претседател на Созујот на одгледувачи на овци “Модерен овчар” во однос на некоординираноста во постапување со одземените овци во село Соколарци. Во соопштението се наведува дека местото на кое е снимено видеото е местото на кое согласно сите биосигурносни мерки за нештетно отстранување на овци и кози е извршено закопување на евраназираните животни.
-Овците и козите се затрупани со поголем слој на земја, местото е соодветно дезинфицирано и означено дека тука постои опасност од заразна болест. Пронајдените овци и кози потекнуваат од сточари кај кои болеста е присутна и вршат незаконска вакцинација со неквалитетни вакцини илегално набавени од Турција - велат од АВХ и МЗШВ.
Во соопштението се потенцира и дека отстранувањето на умрените животни е во надлежност на локалната самоуправа и таа треба соодветно да постапи.
-Од одгледувалиштето до местото на закопување почитувани се сите биосигурносни мерки за спречување на ширење на болеста. Со постапките на поединци може само дополнително да се прошири болеста на места каде што не е потврдена -соопштуваат од АХВ.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
-

Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
