Копретседателката на партијата АДФ: Ако победиме, можен е референдум за излегување на Германија од ЕУ
Копретседателката на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел денеска во интервју за „Фајненшл Тајмс“ рече дека британскиот референдум за напуштање на Европската унија е добар пример што Германија може да го следи.
Таа рече дека нејзината партија, доколку дојде на власт, сака да ја реформира ЕУ и да ја намали моќта на Европската комисија, а ако тоа не успее, тогаш гледа можност да се изјасни на референдум, како што направи Велика Британија.
Според неа, ваков референдум за Дексит, како што таа го нарече, би се одржал доколку не можат да ги спроведат промените кон кои се залага АфД.
Меѓу другото, партијата работи на реформирање на институциите на ЕУ со цел да се ограничи моќта на Европската комисија и да се отстрани, според нив, сегашниот демократски дефицит.
Вајдел со своите изјави претставува сосема поинаква гледна точка од мнозинството други германски партии и германски граѓани, кои најмногу го поддржуваат членството во ЕУ.
Во последниве години, АфД го намали евроскептицизмот со кој започна и првенствено се фокусираше на противењето на миграцијата.
Според неодамнешните анкети, партијата ја поддржуваат околу 22 отсто од испитаниците, што ја става пред владејачките Социјалдемократи (СПД), кои уживаат поддршка од 16 отсто.
Ново на Сител
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон