Конте: Од понеделник постепено укинување на рестриктивните мерки
Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа соопшти дека од понеделник ќе следи олеснувањето на рестриктивните мерки во земјата, воведени поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи бројот на загинати опадна на најниското ниво од 9 март.
Според британските медиуми, тој на прес-конференцијата предупреди на опасноста епидемиолошката крива, поточно бројот на заболени и мртви, повторно да се зголеми.
Конте кажа дека во Италија, која е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот, ќе бидат преземени мерки за заживување на економскиот живот и укинување на ограничувањата за движење на граѓаните.
Од понеделник, 18 мај, повторно се отвораат продавниците, а од 25 мај спортските сали, базените и спортските центри.
Од 3 јуни ќе се отворат границите меѓу регионите во земјата и на граѓаните на земјите од Европската унија ќе им биде дозволено да се движат без ограничувања, без задолжителната карантин на оние што влегуваат во Италија.
Отворањето на театарите и кината е закажано за 15 јуни.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар