Конституивната седница на албанскиот Парламент продолжува попладне
Албанските народни избранци ја почнаа конституивната седница и откако беа прочитани имињата на сите 140 пратеници беше избрана верфикациона комисија. Веднаш потоа претседавачот Бесник Барај најави продолжение на седницата за попладне во 18 часот, кога се очекува Грамоз Ручи да биде избран за претседател на парламентот.
Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, кој во Парламентот се враќа по седум години, побара збор но не му беше дозволено.
По завршување на првиот дел од седницата, Демократската партија и Движењето за социјалстичка интеграција се прознесоа дека се против изборот на Ручи, поради „неговата вмешаност во комунистичкиот режим“.
Демократите најавија простест поради гласањето во 18 асот, во исто време кога во Парламентот треба да ја продолжи конститувната седница. Поддршка добија од поранешните политички осуденици.
Во деветтиот по ред законодавен дом, по падот на тоталитарниот режим, 61 од 140 пратенци првпат се избрани на оваа функција. Од вкупниот број 36 се бизнисмени, исто толку правници, 31економисти, 14 лекари, 10 инжењери, останатите се од областа на културата и литературата.
Според партиската припадност, 74 пратенци се од Социјалистчката партија,43 Демократската, 19 Движење за социјалистичка интеграција, тројца од Партијата за единство и правда (партија на протераните Чами од Грција) и еден пратеник од Социјалдемократската партија.
Од 1991 година Социјалистичката партија е единствена партија, која ќе формира влада без коалицирање со друга.
Ново на Сител
-
Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета
-
Успешна мисија: Спасено 16-годишно девојче кое паднало во дол
-
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
-
Асанж пуштен од затворот во Велика Британија
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје