Коњаниците од Горно Лисиче тргнуваат за Крушево

Дваесеттина коњаници од Горно Лисиче денеска ќе го почнат 39. „Илинденски марш 2017“ кој треба да заврши на 2 август во Крушево.
Маршот почнува попладне, од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
Придружувани од фаланга од дваесетина членови и играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните, коњаниците ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината. Пред нивното свечено испраќање, во црквата ќе се одржи свечена литургија на која свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.
Коњаниците кои се на возраст од 18 до 65 години, а меѓу нив има и една девојка, по пристигнувањето во Крушево ќе се приклучат на прославата по повод најголемиот национален празник - Илинден.
Коњичкиот марш го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а традиционален покровител е општина Аеродром. Се очекува претседателот на Советот на општината Виктор Камилоски на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што маршот и официјално ќе стартува.
Пред испраќањето на илинденците ќе се организира и музичка програма. Во манифестацијата е вклучена и Општинската организација на Црвениот крст „Кисела Вода“ која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ ќе одржи крводарителска акција.
Ново на Сител
-

Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-

Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
-

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-

Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-

Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција
