Свет
7. January 2017 - 10:52

Конгресот потврди - Трамп и официјално е новиот американски претседател

Американскиот Конгрес ги потврди гласовите на Електорскиот колегиум, со што Трамп и официјално стана избран претседател на САД.

Конгресот, исто така, го потврди изборот на Мајк Пенс за потпретседател на САД.

Во текот на броењето на гласовите, на заедничка седници на двата дома на Конгресот, демократите изнесоа мноштво забелешки, но тие не беа прифатени, пренесуваат американските медиуми.

Со ова и официјално е потврден резултатот од гласањето на 538 електори, според кој  Трамп освоио 304 гласа од електорите, а Хилари Клинтон 227, и покрај тоа што таа добила речиси 2,9 милиона гласови повеќе од Американците.

За победа на претседателските избори на  Трамп му беа потребни 270 електорски гласови.

Трамп и Пенс заклетвата на новите функции ќе ја положат на инаугуративната свеченост на 20 јануари.