Конгресот на САД го одобри буџетот за одбрана за следната година
Сенатот на Конгресот на САД го одобри вчера буџетот за одбраната за следната финансиска година во износ од 612 милијарда долари.
Долниот дом на Конгресот веќе го одобри законот минатата недела.
Белата куќа најави дека претседателот Барак Обама ќе стави вето на законот. Обама не е задоволен од начинот, на кој се зголемени трошоците за одбраната, како и од недостигот на зголемување на средствата за агенциите, како ФБИ, Крајбрежната стража, Министерството за правда.
Законот предвидува 515 милијарди долари за национална одбрана и 89,2 милијарди за операции во странство. Со законот му се дава дозвола на Министерството за одбрана да доставува оружје, вклучувајќи и смртоносно на Украина. Со законот за сферата на безбедноста и разузнавањето се предвидени 300 милиони долари.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро