Конференција за влијанието на климатските промени врз земјоделството
Во организација на Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска во Струмица ќе се одржи Првата национална конференција на тема „Македонското земјоделство и климатските промени“.
Целта е да се претстават негативните ефекти од климатските промени и влијанието врз земјоделското производство во земјава.
Преку практични примери и позитивни искуства на експерти и земјоделци, ќе бидат претставени и мерки за адаптација кон климатските промени во одделните гранки: градинарство, лозарство, овоштарство и сточарство, со кои се обезбедува намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.
На настанот ќе се обратат Ана Ерландсон, програмски менаџер на We Effect за Европа, Никола Стаменов, претседател на ФФРМ, и Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Република Македонија.
Конференцијата е поддржана од проектот „Институционална подршка на Федерацијата на фармерите на РМ“, проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени што го спроведува Мрежата за рурален развој на РМ, како и од Амбасадата на Кралството Шведска.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања