Конференција за улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан
„Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“ е тема на конференцијата, што од денеска до 30 август ќе се одржува во Охрид во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од земјава.
Работилницата, како што е најавено, се очекува да ја отворат претставници од НАТО, амбасадорките на САД и Германија во земјава, Кејт Мери Брнс и Анке Холштајн, како и директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Беким Маскути.
Меѓу предавачите, според најавата, се професори, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави, Европската унија и САД.
– Ќе се дебатира за стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот, а ќе стане збор за украинското прашање и улогата на НАТО. Еден дел ќе биде посветен и превенцијата од глобалната закана за тероризам, радикализацијата и мигрантското прашање, стои во информацијата.
Ново на Сител
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок
-
Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи