Бизнис
9. October 2017 - 8:49

Конференција за општествено одговорни бизниси - акција за клима

Во рамки на климатскиот проект „CityTree“, денеска во Тетово ќе се одржи тркалезна маса на тема  „Општествено одговорни бизниси - акција за клима“, во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест.  

На конференцијата ќе се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.