Македонија
2. December 2015 - 9:05

Конференција за безбедносните ризици и улогата на резервните сили

Во организација на Здружението „Клуб на генерали“ за актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната денеска во Домот на АРМ ќе се одржи конференција на тема „Одбранбено безбедносни закани и ризици, како и улогата на резервните сили во справување со истите“.

Главни теми на пленарната сесија ќе бидат современите закани и ризици, искуствата со постоењето, концептот и употребата на резервните сили кај нашите соседи членки на НАТО, статусот на резервните сили на АРМ и реализација на концептот „Активна резерва“, како и статусот на резервните сили на МВР.

На конференцијата ќе учествуваат пензионирани и активни генерали на АРМ и останати воени старешини во Армијата на Република Македонија.

Здружението „Клуб на генерали“ е формирано на почетокот на 2012 година со слободно здружување на пензионирани генерали на АРМ кои извршувале должности на високи позиции. Негова првенствена цел е заштита и унапредување на безбедноста и одбраната на Република Македонија.