Конференција во Виена: Учеството на јавноста во креирање на политиките на Западен Балкан

Учеството на јавноста во креирањето на политиките на земјите од Западен Балкан е тема на конференција која се одржува од денеска во Виена, на која учествуваат раководители на оддели од министерствата за правда, министерствата за администрација и јавна управа и министерствата за европски интеграции на земјите од регионот.
Конференцијата ја организираат Регионалниот совет за соработка (РСС) заедно со Регионалната школа за јавна управа и Центарот за истржување на јавната управа од Австрија.
Целта на Конференцијата е да се подигне свеста кај властите во земјите од Западен Балкан за зголемување на стандардите за вклучување на јавното мислење при креирањето на политиките што ги спроведуваат владите и нивните министерства.
Притоа ќе биде дискуирано и околу неодамна усвоената препорака за учество на јавноста во креирањето политики на Западен Балкан, донесена од министри на шесте земји од регионот.
На Конференцијата ќе се претстави и дистрибуира цел сет на повеќејазични материјали за информирање на јавноста и подигање на свеста - леток со препораката, видео материјал и брошура, со цел анимирање на јавноста околу оваа проблематика.
Според истражувањето на јавното мислење што го спроведува РСС секоја година - Балкански барометар 2017, само осум отсто од граѓаните во земјите во регионот учествувале на јавни протести, пет отсто јавно ги коментирале владините одлуки на социјалните мрежи, а само три отсто учествувале во јавни расправи.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите станови кои се продаваат првпат и натаму ќе се даночат со 5% ДДВ
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
