Концерт со шпанска музика на „Скопско лето“
На „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Музеј на Град Скопје концерт ќе има шпанската сопранистка Марија Еухенија Бош, а на пијано ќе ја придружува нејзината сонародничка Ана Фере. Концертот е насловен „Ветришта од Шпанија: песна и сарсуела“. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија.
Сопранистката Марија Еухениа Бош дипломирала на Конзерваториумот за музика на Саламанка, а магистерски студии завршила на Кралскиот конзерваториум во Брисел. Во текот на кариерата настапувала во повеќе оперски куќи, а покрај опери, во нејзиниот репертоар често има и ораториуми. Настапува и како камерен музичар со голем број познати изведувачи и ансамбли во Франција, Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Русија, Полска и Америка.
Има снимано и за повеќе радија - Националното радио на Шпанија, за португалски и австриски радиостаници за класична музика, БиБиСи и телевизијата „Медичи“.
Пијанистката Ана Фере, пак, потекнува од познато музичко семејство. Пијано и камерна музика изучувала на Конзерваториумот во родното место Жирона и во Барселона. Дипломирала со највисоки оценки и добила дипломи од највисок ранг за пијано и камерна музика. Редовно настапувала како камерен музичар во состави со признати музички уметници, но не ја запоставила ниту солистичката дејност, соработувајќи притоа со различни оркестри во повеќе земји во светот.
Има направено снимки за радио и телевизиски станици, а често издава и компакт-дискови за германските издавачки компании „Ламбдома“ и „Гудлајф рекордс“. Истовремено, Фере има и успешна педагошка дејност на Конзерваториумот во Жирона, каде 12 години го води одделот за пијано и камерна музика со ученици што победиле на различни интернационални натпревари по пијано.
Шпанските музичарки на концертот на „Скопско лето“ ќе изведат дела од Енрике Гранадос, Федерико Момпу, Хоакин Турина, Мануел де Фаља, Пабло Луна...
Ново на Сител
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење
-
Папа Лав Четиринаесетти: Парите одат кај „трговците со смрт“ наместо во болниците и училиштата
-
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-
Две деца се степале на игралиште во Аеродром
-
Кривична против 46-годишник од Пробиштип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга
-
65-годишна жена од Австралија прегазена во Охрид
-
Кривична против три лица од Струга, физички нападнале малолетник и му нанеле тешки телесни повреди