Заеднички отворени денови со граѓаните на општина Виница
Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно правни работи денеска во Виница ги реализираа заедничките отворени денови со граѓаните. На средбата поголем број граѓани ги кажаа нивните проблеми и нерешени предмети од областа на приватизацијата или катастарот.
- На денешната средба во Виница, голем број граѓани доаѓаа во одделението за имотно правни работи и се интересираа за постапката за приватизација и во делот на прашањата поврзани со Катастарот. Во тоа се гледа и ефектот од овие отворени денови каде што граѓаните на едно место можат да добијат одговори на нивните прашања, истакна Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно правни работи.
Во однос на одделението за имотно правни работи Виница, истакна, сакаме да посочиме дека ова е едно од одделенијата кое презеде предмети за работа од скопските одделенија.
- Првично се поднесени 4.500 барања за приватизација, а 500 предмети се преземени од одделението од Чаир. Генерално, успешно е реализирана концепцијата во ова одделение бидејки од овие 5.000 предмети остануваат за реализација уште 1.200 предмети, рече Крстаноски.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески посочи дека осма година ја реализираат акцијата за отворени денови со катастарот.
- Од почетокот на оваа акција на 15 септември имаме примено околу 850 странки. На 50 од нив веднаш се отворени службени наоди и се исправени грешките, дадени се правни совети за да стигнат до својот имотен лист, рече Трпески.
Според него, Виница важи за одделение кое е најдобро во Македонија затоа што први ја завршиле дигитализацијата и воспоставувањето на катастарот на невижности.
- Благодарение на електронскиот катастар, тие помагаат и во работењето на катастарот од Кочани, Гостивар и други катастарски одделенија во државата, истакна Трпески.
Коментирајки го извештајот на Европската комисија во делот на катастарот Трпески истакна дека ЕК ги признава реформите на катастарот во насока на воспоставување на модерен и сеопфатен катастар посебно во делот на воспоставување на регистарот на цени и на масовната проценка, што очекува да помогне во подобрено кредитирање на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта