Концерт „RADIOHEADJAZZ!“ на Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари
Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија, во големата сала на Филхармонијата вечер во 20 часот, ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“, под диригентската палка на Зиги Фајгл од Австрија.
Станува збор за исклучителен проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ – група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот, група која донесе прогресивен, иновативен, моќен звук. Џез-аранжманите на композициите на Рејдиохед ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа по првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.
-Проектот „RADIOHEADJAZZ!“, да се изведат теми од современиот алтернативен рок-бенд и тоа во џез-аранжмани, е навистина силен предизвик за уметниците, но и за публиката, и е оригинална идеја која ќе донесе иновација на нашата сцена, соопштуваат од Здружението на џез музичари.
Со овој проект, ЗЏМ ја проширува својата репертоарна политика, ги проширува естетските хоризонти, го збогатува својот музички израз и профил насочувајќи се кон една поинаква звучна патека.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година