Концерт на Влатко Стефановски со словенечки воен оркестар во Белград
Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски на 21 април ќе одржи концерт во белградскиот „Сава центар“, придружуван од Големиот оркестар на словенечката Армија.
Како што јави белградски „Блиц“, по повод настапот, Стефановски упати видео порака до белграѓани да „не го пропуштат овој концерт“.
- Доаѓам од Скопје, а од Љубљана ми доаѓа „Биг Бенд“ оркестарот на словенечката војска со кој соработувам веќе две години. Немојте да ја пропуштите оваа можност да ме видите и слушнете во еден многу богат звучен и музички контекст, порача Влатко Стефановски.
Според организаторот на концертот, Стефановски и словенечкиот воен оркестар ќе изведат репертоар составен од некои негови композиции, позанти фанк, џез и соул нумери, како и традиционални песни.
- Ќе бидат изведени некои нови аранжмани и нумери што досега не ги изведувале заедно, се додава во најавата.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“