Концерт на Темков и Каровски во Кавадарци

Во рамки на манифестацијата „Кавадаречка културна есен”, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов - Климе” во Кавадарци концерт одржаа Страшо Темков на флејта и Миле Каровски на гитара.
Темков е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а Каровски професор во средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј".
Директорот на културниот дом Владимир Темков изрази задоволство што кавадарчани имаа можност да уживаат во настан од сценско- музичката дејност на оваа институција. - Имаме незаборавна вечер благодарение на двајцата виртуози и амбасадори на нашата култура низ целиот свет кои потекнуваат токму одовде. Кавадарци се гордее со нив, нагласи директорот.
Каровски рече дека станува збор за волшебна комбинација помеѓу флејтата и гитарата и додаде дека сопственаата инспирација ја црпи најмногу од животот.
Според Страшо Темков, ова е кавадаречко дуо кое живее и делува во Скопје. - Првпат настапуваме тука во овој состав. Горди сме што потекнуваме од ова тло, милувам да кажам дека Кавадарци ни е како одскочна даска во животот, рече тој, најавувајќи неколку меѓународни настапи.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
