Концерт на Скопскиот дувачки квинтет на фестивалот „Златна лира“
По повод 40 години постоење, Скопскиот дувачки квинтет вечер од 20 часот во Музеј на Град Скопје ќе настапи на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“. На програмата се дела од Моцарт, Љадов, Прокопиев, Стојков, Бизе.
Скопскиот дувачки квинтет е еден од првите камерни состави во Македонија, кој во изминатите четири децении изведува дела од светската ризница и од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.
Квинтетот остварил голем број настапи и многупати бил одликуван со награди. Гостувал на познати манифестации и фестивали во Македонија, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово.
Во сегашниот состав на дувачкиот квинтет се музичарите: Марија Јакимовска (флејта), Васил Атанасов (обоа), Ристе Ѓоревски (кларинет), Даниел Апостолов (фагот) и Александар Гошев (хорна), кои се членови на Камерниот оркестар „Скопски солисти“, Македонската филхармонија и Македонската опера.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење