Концерт на македонската пијанистка Дуња Иванова
Македонската пијанистка Дуња Иванова денеска ќе одржи рецитал во Киното Култура во Скопје со почеток во 19 часот, а кој ќе го посвети на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото.
На програмата се неговите најпознати дела, меѓу кои и The Sheltering Sky, A Flower is not a Flower, Whuthering Heights, SolitudeEnergy, FlowParolibe, Merry Christmas, Mr. Lawrence... Концертот претставува дел од Манифестацијата ,,Нов културен бран” поддржана од Министерството за култура на РМ.
Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави.
Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото.
Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ - Скопје.
Автор е на книгите „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).
Ново на Сител
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда
-
Варди за испаѓањето на Лестер од Премиер лигата: Тоа е целосна срамота