Концерт на кубанскиот пијанист Леонел Моралес на „Охридско лето“
Со дела од Бетовен, Рахманинов и Стравински ќе се претстави вечер на „Охридско лето“ кубанско-шпанскиот пијанист Леонел Моралес кого критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето. Концертот е во црквата „Света Софија“ од 21 часот.
Дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа. По завршувањето и на постдипломските студии, Моралес се преселил во Шпанија, каде што почнал активно да настапува и да учествува на голем број национални и интернационални натпревари, на кои освојувал значајни награди. Настапувал во речиси сите големи музички центри во светот, каде што одржувал мајсторски школи.
Во најавата за концертот на Моралес, „Охридско лето“ посочува дека еден од поинтересните курсеви на пијанистот е оној на кој тој ги анализира и ги интерпретира сите 32 Бетовенови сонати.
Во текот на кариерата Моралес настапувал со некои од најзначајните оркестри во светот и соработувал со голем број реномирани изведувачи и интернационално признати диригенти, меѓу кои Виктор Пабло Перез, Макс Валдес, Михаил Јуровски, Александар Рабари, Жак Мерси, Франц Крејгер...
Ново на Сител
-
Радев: Политиката на Скопје е насочена против европските принципи
-
Поднесена кривична пријава против Самка Ибраимовски за закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд
-
Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-
Анкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар, граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер