Концерт на контратенори и прв настап на Детскиот хор „Фалсето“
Во рамките на 44. Мајски оперски вечери, во Македонската опера и балет денеска од 20 часот ќе биде изведен концерт на тројца контратенори Макс Емануел Ценчиќ од Хрватска, Василиј Хорошев од Русија и Реј Ченез од САД. Режисер на концертот е Дејан Прошев, а ќе го води американскиот диригент Морис Гнан.
- Контретенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови, соопшти МОБ.
На програмата на Мали Мајски вечери наменета за најмладите, од 12 часот во фоајето ан МОБ ќе настапи Детскиот хор „Фалсето“, под диригентство на Теа Богатинов.
Хорот „Фалсето“ на Македонската опера и балет беше формиран во март годинава и денешниот концерт ќе биде негов прв јавен настап.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест