Концерт на германскиот пијанист Штефен Шлаермахер на ДММ

На втората фестивалска вечер од 39. Денови на македонска музика, во Музејот на Град Скопје концерт ќе одржи германскиот пијанист и композитор Штефен Шлаермахер.
- Првпат во Македонија ќе бидат изведени значајни дела од некои од најважните композитори на 20 век, како Веберн, Штокхаузен, Месијан, како и од самиот пијанист, соопшти СОКОМ, организатор на фестивалот.
Меѓу осумте композиции на концертната програма, ќе биде изведена и „Вечерен ѕвон“ на Гоце Коларовски од 1992 година, и уште две премиерни изведби на композиторите Александар Пејовски и Јана Андреевска, наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура.
Пијанистот, композитор и промотор на фестивали и концерти Штефен Шлаермахер (Хале, 1960) денеска претпладне во ЕУ Инфоцентарот ќе одржи и предавање на тема „Композиција - случај или инспирација?“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
