Концерт „Џејмс Бонд Симфони“ на Битолскиот камерен оркестар
Центарот за култура-Битола денеска одбележува 36 години од денот кога првпат почна со работа и роденденот ќе го прослави со целовечерниот концерт на Камерниот оркестар на Битола.
На концертот насловен „Џејмс Бонд Симфони“ покрај 30 музичари од Битола ќе настапат и солистите Наде Талевска, Нина Јанева и Ирена Димовска, најави Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура.
- Центарот за култура, порано именуван како Дом на културата, во Битола почна со работа на 10 октомври 1980 година. Годинава роденденот ќе го одбележиме со концерт на камерниот оркестар на Битола чии уметници имаа успешно лето и по концертите во Скопје, Штип, Кавадарци и Гевгелија. Вечер тие повторно ќе понудат безвременски музички теми од филмовите со Џејмс Бонд. Во текот на овој месец, на 24 октомври, ќе одбележиме и роден ден на нашето 3-Д кино формирано пред три години, најави Димитровски.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија