Концерт „Classica VS Classica“ вечер во МОБ
Гудачкиот камерен оркестар „Арко“, Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и рок бендот WHY NOT, под диригентската палка на Ерхан Шукри, вечер во Македонската опера и балет ќе одржат концерт насловен „Classica VS Classica“.
Концертот ќе биде спој на класиката во оперската, балетската и театарската уметност со класиката во поп и рок музиката. Ќе бидат изведени оперски арии, оркестарски и балетски нумери, како и поп и рок нумери од познати пејачи и култни групи кој оставиле свој белег во полето на музиката.
Како солисти ќе настапат Ивана Здравкова - сопран, Марика Толевска - мецосопран, Христо Арсовски-тенор, Николина Јаневска-мецосопран, Горан Начевски - баритон, Владимир Саздовски-бас, Момчило Куфојанакис-виолина, Лазар Сандев-Мандолина, ученици од основниот балетски оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, и неколку актери. На сцената ќе настапи и финалистот од шоуто ИКС ФАКТОР, Боби Мојсовски и најмладиот улесник Трајче Георгиев, финалист од шоуто „Пинкови ѕвездички“.
Ново на Сител
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
-
Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година