Македонија
28. November 2024 - 16:33

Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас

Македонско село повторно ќе заживее. Комплексот во кој беа вложени 6,5 милиони за изградба ќе биде понуден на оглас за јавно приватно партнерство. Службата за општи и заеднички работи која стопанисува со него планира целата постапка да заврши до Нова година, а македонско село да биде отворено до мај следната година. 

Комплексот Македонија во мало е под надзор на приватно обезбедување, но и покрај тоа може да се забележи дека претрпел штети од временски неприлики. Новиот менаџер ќе треба да се погрижи да ги врати во првобитна состојба куќите. За разлика од надвор, куќите внатре се во добра состојба. Влеговме во прилепската, апартман со 4 спални, дневен простор и 4 засебни тоалети. Објектите ги имаат сите услови за престој, вода, струја и систем за централно греење.

Три ресторани, во секоја од 12-те објекти има дуќани и работилници типични за периодот кој го отсликуваат како градба. Единствен концесионер беше бизнисменот и екс градоначалник Владимир Тодоровиќ но поради загуби во работењето одлучи да се откаже од комплексот.

Тогашната власт го затвори, а низ годините јавноста слушна разни ветувања, старт ап село за ИТ компании, потоа се правеа физибилите студија од Фондот за иновации за потоа Владата повторно да одлучи дека нема економска исплатливост за рестартирање на комплексот.