Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите на одредени прехранбени продукти
Резервите на одредени прехранбени продукти како што се житарици, пченица, пченка, овес, ‘рж, јачмен, брашно, сончогледово и растително масло, компаниите во Грција ќе треба да ги пријавуваат на конкретна електронска платформа за да се избегне нелојална конкуренција, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретниот амандман веќе е изгласан во грчкиот Парламент, а министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека обврската се однесува на сите трговци кои се активни во синџирот на производство, увоз, трговија, продажба, посредување, дистрибуција на конкретните производи, а процедурата е идентична како онаа на почетокот на пандемијата кога се однесуваше на маски и антисептици, со цел Владата да ги знае точните резерви во земјата.
-Поради војната во Украина, за државата да има целосна слика дека постојат доволно производи и пред сè да не се дозволи некои да предизвикаат вештачки недостиг на пазарот и со овој вештачки недостиг да се збогатат или со црн пазар или со големо вештачко зголемување на цената, повеќе отколку што е предизвикано од меѓународната криза. Значи, на овој начин имаме можност да знаеме што точно има секој, рече Георгиадис и истакна дека амандманот не значи дека постои недостиг на производи, туку целта е заштита на потрошувачите.
Паралелно, за компаниите што нема да ги пријават резервите, а постојат, предвидено е запленување на продуктите и казна што ќе биде до 100 илјади евра.
Ново на Сител
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет