Колумбијците гласаа за десницата, загрозен мировниот договор
- Поголемиот број Колумбијци на вчерашните парламентарни избори гласаа за десничарските партии, а исходот од изборите го доведува под знак прашалник мировниот договор постигнат со левичарските бунтовници, кој во 2016 година на претседателот Хуан Мануел Сантос му донесе Нобелова награда за мир.
Партијата за национално единство на претседателот Сантос, која досега имаше мнозинство во Конгресот, на вчерашните избори заврши на петто место по освоените гласови.
На изборите првпат учествуваа и поранешните припадници на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) ,откако се разоружаа во согласност со мировниот договор од 2016 година, со што беше ставен крај на 50- годишниот судир.
Но, како што се очекуваше, изостана поддршката за нивната радикална програма, при шро ФАРК освои помалку од 0,5 отсто од гласовите, што значи дека нивната партија ќе има 10 места, кои се загарантирани со мировниот договор.
За разлика од нив, многумина од критичарите на мировниот договор освоија места во Конгресот, а партијата Демократски центар на поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе најверојатно ќе биде најголема партија во Сенатот.
Прелиминарните резултати од вчерашните парламентарни избори укажуваат дека претседателските избори, што се закажани во мај, ќе бидат крајно неизвесни.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски