Коктелот „Еден бисер“ како иден препознатлив бренд на туристичката понуда на Охрид
Во насока на збогатување на промоцијата на Охрид како најпознат туристички центар во земјата, Регионалниот туристички кластер „ЕДЕН“ во понудата на угостителските објекти во градот вметнува брендиран охридски коктел, „Еден бисер“.
Интенција е тој посебен коктел да се подготвува и служи во сите заинтересирани угостителски објекти низ градот и тоа на специфичен начин, како од аспект на негова атрактивност така и како своевиден бренд што би побудил внимание и интерес кај сите посетители на Охрид.
Коктелот е наменски осмислен така што според состојките од кои ќе се подготвува ќе има сина боја, што ќе асоцира на бојата на водите на Охридското Езеро, а како посебна атракција е тоа што мешалката за коктелот ќе биде посебно изработена со оригинален „Охридски бисер“, што како сувенир консументите ќе можат да го понесат со себе како сувенир.
- Ги повикуваме сите заинтересирани угостители во Охрид кои служат пијалоци да станат дел од кластерот. Со годишната членарина, покрај промотивните и останатите бенефити, тие ќе добијат 20 чаши и мешалки за послужување на коктелот, како и сертификат за негова оригиналност, истакна Ерхан Сулејманоски, координатор на проектот „ЕДЕН“.
Михајло Филев, како изработувач на оригинален „Охридски бисер“, изјави дека особено бил инспириран во осмислувањето и креирањето на специфичната мешалка за новиот коктел.
- Самото име на коктелот и мешалката кажува дека на него ќе има бисер. Сметаме дека со овој коктел ќе се создаде уште еден производ, симбол што ќе го презентира и угостителската и културната вредност на бисерот на Македонија – Градот Охрид, рече Филев.
Предвидено е цената на коктелот да биде стандардна и да изнесува 240 денари, а ќе се служи во сите угостителски објекти што се членови на Кластерот „ЕДЕН“, заедно со сертификат за неговата оригиналност.
Проектот за креирање авторски коктел за градот Охрид е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за економија, како продолжение на веќе спроведениот проект за лиценцирање и сертифицирање 50 бармени.
Ново на Сител
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026