Кокаин вреден 225 милиони евра е запленет во Холандија
Холандските цариници запленија три тони кокаин, скриени во буриња со пире од банани, соопштија денеска властите. Ова досега е еден од најголемите удари против трговијата со дрога.
Дрогата се наоѓала во контејнер, испратен од Еквадор и наменет за Базел, Швајцарија. Пратката е пронајдена на пристаништето во Ротердам за време на рутинска проверка.
– Кокаинот, кој чини околу 225 милиони евра на црниот пазар, е еден од најголемите удари против нарк мафијата во огромното пристаниште. Дрогата е уништена, се наведува во соопштението на обвинителството.
Холандија стана главен канал за наркотици, особено на кокаин, кон Европа, главно преку Ротердам, најголемото европско пристаниште.
Холандските власти соопштија дека тие и меѓународните полициски сили оваа година заплениле 50 тони кокаин, кој минувал низ Холандија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен