Кокаин и марихуана пронајдени кај скопјанец, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Во дрвен плакар на поткровјето од зградата во која живее, осомничениот 21-годишен скопјанец неовластено за продажба држел наркотична дрога – кокаин и марихуана. При претресот на 4 јули, полициските службеници пронашле вкупно 4,79 грама кокаин и 25,01 грам марихуана, спакувани во повеќе помали пакувања наменети за препродажба. Кај осомничениот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотична дрога, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, како и можност осомничениот да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот