Граѓаните ќе добијат поголема моќ - Референдумско отповикување на градоналачници ќе има со измените на законот за локална
Идните градоначалници ќе може да бидат отповикани со референдум, вакви измени се предвидуваат во законот за локална самоуправа. Министерот Перински очекува до летово да заврши целата постапка за новиот закон и да биде на сила пред изборот на нови градоначалници на локалните кои ќе се одржат во ноември.
Конечно ќе може да биде разрешен градоначалник чија функција до сега беше недопирлива. Претседателот на ЗЕЛС е задоволен што иницијативата која ја отпочнале уште пред година и половина конечно доаѓа до реализација. Дека граѓаните треба да ја добијат целосната моќ не само на избор туку и за разрешување е согласен и градоначалникот на Куманово.
Експертите во оваа област сметаат дека измените се неопходни и во насока на корекција на одредени одредби кои покажале аномали во досегашната примена. Освен отповикувањето на градоначалници, ќе се воведува и комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во локалната власт.
Ова е последна од четирите консултативни средби за измени на законот за локална самоуправа, на која присуствуваа речиси сите градоначалници од Скопски и Северно источен плански регион, освен градоначалничката на Скопје. Покрај нив присуствуваа и од невладиниот сектор.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар