Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?
Истото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце.
Ова можат да го забележат и Близнаците, поради опозицијата на Сатурн во нивното Сонце. Изгледа Близнаците најдолго ќе го чувствуваат овој лош период, кој може да премине дури и во следната година, односно сè додека Сатурн се наоѓа во знакот на Стрелец.
Што се однесува до Раковите и Јарците, тие ќе почувствуваат потешкотии во првата декада од јули, додека Овните во првата декада од април. Вагите можат да поминат без големи потешкотии во пролетните месеци, но кога Уран ќе биде во транзит низ Овен, ќе им донесе ненадејни и бурни промени на животното поле.
Најтешките денови, односно најбурните, ќе ги доживеат оние знаци кои имаат истакната Месечина или лични планети во Стрелец, Близнаци, Риби, Девица, Овен, Рак, Јарец или Вага. Имајќи го тоа на ум, Јарците имаат најголеми шанси да бидат подложени на огромни искушенија. И тоа не поради нивната вродена склоност на мака и патење, туку поради положбата на Плуто во соѕвездието Јарец.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција