-->
-->
Кога ловецот ќе стане плен: Сакал да силува па сега изгледа вака
-->
Додека пробувал да ја силува, Џонатан Холмс и зборел дека ќе и се допаѓа. После само неколку секунди зажалил за својата постапка и зборови.
Џонатан Холмс осуден е на четири ипол години затвор откако пробал да силува жена во центарот на Шефилд. Но уште поголем е ударот на неговото его и ум, поради тоа што во тоа не успеал станувајчи плен од ловец.
Откако целиот ден го поминал во локалниот бар внесувајчи голема колична на алкохол, Холмс во центарот на градот одлучил да запре осамена жена и да ја силува. Околу полноќ тој започнал да следи осамена жена а кога му се укажала пригода се затрчал кон нејзе и ја турнал на земја.
Жената два пати го удрила Холмс во стомакот со клучевите од нејзината куќа кои ги држела во рака. Го изгризала за јазикот и продолжила да го удира по стомакот, вратот и лицето. Во тој момент на нив наишле случајни минувачи, а Холмс се исплашил и избегал во мракот.
- Верува, без сомневање дека овој човек сака да ме силува. Тоа ќе беше крајот на мојот живот, би омжел после тоа да ме убие. Бев мноу исплашена, но во исто време и агресивна. После ова веќе никогаш слично нешто нема да му текне на памет - изјавила нападнатата жена пред судот, пренесува британски индепендент.
Холмс пред судот ја признал вината и изјавил дека му е жал поради нападот, но и дека на ништо не се сеќава бидејќи бил пијан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата