Кога ќе падне првиот снег во Македонија
Времето во Македонија овие денови е претежно облачно и со врнежи од дожд, но она што го најавува „AccuWeather“ во декември речиси најмногу ќе ги израдува децата бидејќи се очекува првиот снег.
Имено на самиот старт на месец декември речиси сите македонски повисоки планини ќе забелат, а особено прогнозата најавува снег во Маврово.
Снегот обилно ќе врне три дена и тоа од четврти до шести декември, а најниската температура ќе изнесува -4 степени во петок на шести декември.
Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под 20 степени, но ова е сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период. Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.
Нова година ќе ја дочекаме без снег.
Ново на Сител
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот