-->
-->
Кочов ново засилување во стручниот штаб на МЗТ Скопје
-->
Доскорешниот селектор на репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 18 години, Ѓорѓи Кочов, од денеска е нов помошник тренер во стручниот штаб на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Еден од најталентираните стручњаци кај нас потпиша двеипол годишен договор со шесткратниот првак и во иднина ќе работи како прв асистент на предводникот од клупата, Жарко Лукајиќ.
Кочов доаѓа од таборот на Вардар, каде што одработи еднаипол сезона како предводник на овој тим, мани во Првата, а сезонава и во Втората лига.
Претходно, освои куп златни медали со јуниорскиот и младинскиот состав на Вардар, поради што во 2016 година беше прогласен за најдобар тренер во Македонија во младинска конкуренција.
Новиот помошник на Лукајиќ зад себе има и солидна играчка кариера и тоа настапувајќи за матичниот Работнички како и за Вардар 2000, МЗТ Скопје Аеродром и за Вардар Апаве каде што се пензионира на крајот од сезоната 2015/2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции