Коалицијата предводена од Саудиска Арабија го оквалификува како техничка грешка ликвидирањето на 14 цивили во Јемен
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија го оквалификува како „инцидент" и „техничка грешка" загинувањето на 14 цивилни завчера во јеменската престолнина Сана, јави германската агенција ДПА.
Најмалку 14 цивили, вклучувајќи жени и деца, загинаа во реонот Фаџ Атан во околината на Сана рано во петокот при воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Локалните жители изјавија дека шест од жртвите се деца.
Портпаролот на коалициските сили, полковник Турки ал Малики истакна дека воздушниот удар имал „легитимна воена цел", односно - команден и контролен центар на хусите. Тој ги обвини борците за употреба на цивилите како човечки штит.
Во земјата, од август 2014 година се води војна меѓу владините сили и шиитските бунтовници хуси. Во овој конфликт загинаа над 8.000 луѓе, 17 милиони жители на Јемен страдаат од недостиг на основни прехранбени производи, а седум милиони се на прагот на глад.
Во март 2015 година мултинационална коалиција, предводена од Саудиска Арабија, започна да нанесува удари против хусите, поддржани од Иран, коија контролираат јеменската престолнина Сана.
Ново на Сител
-
Приведен 43-годишник кој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци
-
Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола