Книжевна средба со италијанскиот писател Клаудио Магрис
На италијанскиот писател Клаудио Магрис, кој престојува во Македонија во рамки на манифестацијата Недела на италијанската книга, денеска ќе му биде врачена Плакета за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Признанието ќе му го врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски на книжевна средба со авторот која од 19 часот ќе се одржи во малата сала на Македонската филхармонија.
Од обемниот творечки опус на Магрис, на македонски јазик се објавени книгите „Друго море“, во превод на Анастасија Ѓурчинова, „Микрокосмоси“ и „Запрена постапка“, во превод на Марија Грација Цветковска.
- Клаудио Магрис е автор на дваесетина прозни и есеистички остварувања меѓу кои и на култниот роман „Дунав“. Делата на Магрис го поврзуваат личното искуство со колективната меморија, преку плодотворниот дијалог на културите и идентитетите кои опстојуваат на просторот помеѓу Средна Европа и Медитеранот, информира ДПМ.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор